Претседателот на Шкендија Арачиново, Сулејман Алими, преку соопштение се осврна на досегашниот тек од сезоната и ги откри амбициите на тимот во првенството и Купот на Македонија.
По првите шест кола од шампионатот, Алими истакна дека клубот останува целосно фокусиран на зацртаните цели и покрај предизвиците што ги носи сезоната.
'Нашата цел во првенството останува јасна и непроменета, тоа е пласман на европската сцена. Секој натпревар досега претставуваше важна лекција и можност за напредок, а ќе продолжиме да работиме напорно за да ги освоиме бодовите кои ќе нè однесат во зоната што води кон Европа', порача Алими.
Првиот човек на клубот се осврна и на претстојниот настап во Купот, каде тимот утре го започнува својот пат во натпреварувањето.
'Пред нас е уште еден важен предизвик. Во Купот ќе настапиме со максимална сериозност, а нашата амбиција е јасна, да стигнеме до финалето и да се бориме за трофејот до самиот крај', истакна претседателот.
По шест одиграни кола во ПМФЛ, Шкендија Арачиново има десет освоени бода. Во следната рунда тимот го чека натпревар против Скопје.
(0)Comments