Подводни културно-историски знаменитости во Охридското Езеро. (06.09.2026) 'Подводната фотографија не е само фотографирање. Таа е нуркање во еден тивок, таинствен и недопрен свет. Свет во кој светлината има поинаква боја, движењето има поинаков ритам, а времето како да застанува. Секоја фотографија пред нас е еден миг заробен во вода, но истовремено и една приказна. Приказна за природата, за животот, за светлината и за човековата љубопитност да го открива непознатото.' – Никола Митровиќ Бабе Изложба на подводни фотографии, видео тура и каталог. Настан посветен на подводното културно и историско наследство на Охридското Езеро. Особена благодарност до Никола Митровиќ Бабе за прекрасното отворање и за зборовите со кои на најубав начин ја долови суштината на изложбата. Ви благодариме што нурнавте под површината. Проектот 'Подводни културно-историски знаменитости во Охридското Езеро', имплементиран од Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид, финансиран од Општина Охрид, во соработка со Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид има за цел презентација и промоција на подводното културно и историско наследсво во Охридското Езеро и унапредување на подводниот и културен туризам во Охрид.
(0)Comments