Германија ѝ испраќа на Украина дополнителни ракети 'Патриот' од сопствените резерви

Германија ѝ испраќа на Украина дополнителни ракети 'Патриот' од сопствените резерви
View on original source
Category: Politics
Share
Archive
Like
Германија ќе ѝ испрати на Украина дополнителни ракети за системите за противвоздушна одбрана 'Патриот' од сопствените национални резерви, најави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Писториус, за време на видеоконференција на земјите кои ја поддржуваат Украина, соопшти дека донел одлука итно да се испорачаат дополнителни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите 'Патриот'. Според него, овие системи во моментов се единствената ефикасна одбрана на Украина од руските напади со балистички ракети. 'Бидејќи Русија на бојното поле напредува многу бавно, со воздушни напади се обидува да ја уништи економската основа на Украина и критичната инфраструктура, вклучително и пристанишните објекти, електраните и други цивилни цели', изјави Писториус. Тој предупреди дека руските воздушни напади би можеле повторно да се интензивираат со падот на температурите. 'За жал, можеме да очекуваме руските воздушни напади повторно да се засилат кога ќе паднат температурите, а тогаш и штетите ќе бидат уште поголеми', рече германскиот министер. Германија засега не соопшти колку точно ракети 'Патриот' ќе ѝ испрати на Украина. Писториус најави и зголемување на испораките на ракети воздух-воздух, како и продолжување на снабдувањето со беспилотни летала и муниција со долг дострел. Украинскиот министер за одбрана Јевхен Хмара изјави дека Киев склучува договори за набавка на околу 1.000 ракети 'Патриот', но најголемиот дел од нив ќе бидат испорачани во следните години. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика сојузниците дополнително да ја зголемат помошта за Украина. 'Државите мора да направат повеќе. Немаме избор', порача Руте. Во пресрет на состанокот, Руте и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопштија дека земјите членки на ЕУ се договориле дел од заемот за Украина во вредност од 90 милијарди евра да се искористи за набавка на клучна опрема и резерви за системите 'Патриот'.

(0)Comments

 

A note on cookies

Newshunt uses essential cookies to keep you signed in and to remember your language and country, so the site works the way you expect. With your permission, we'd also like to use analytics cookies to understand how people use Newshunt and improve it over time.

Accepting only affects analytics. To learn more, view our Privacy Policy or Terms & Conditions.