Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по пријава од новинарка на 'Слободен печат', испрати допис до 'Авалон' во врска со начинот на комуникација со неа за време на прес-конференцијата на првиот човек на продукција Бобан Милошески, по повод концертот на Дејвид Гета во Скопје.
ЗНМ укажува дека несоодветниот тон, личните квалификации и потценувачкиот однос кон новинарите не се дел од професионалната комуникација што треба да постои меѓу организаторите на настани и медиумите.
'Новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања во рамки на својата работа, без оглед дали тие се пријатни или непријатни за соговорниците, а комуникацијата со нив треба да се темели на почитување на нивната професионална улога', се наведува во реакцијата на ЗНМ.
ЗНМ очекува укажувањето да придонесе ваквите ситуации во иднина да се избегнуваат.
(0)Comments