Чупиќ: Мелсунген е фаворит, Вардар е млада екипа, но - одиме на победа!

Чупиќ: Мелсунген е фаворит, Вардар е млада екипа, но - одиме на победа!
View on original source
Category: Sports
Share
Archive
Like
Вардар сезонава се враќа во ракометната елита, а првиот предизвик избраниците на Иван Чупиќ го имаат веќе в четврток кога ќе се соочат со Мелсунген. Натпреварот против бундеслигашот ќе се игра во салата Касел со почеток од 20:45 часот во рамките од првото коло Лигата на шампионите. Вардар со Мелсунген играше и минатата сезона во која двете екипи беа дел од Европската лига, а Чупиќ сега очекува еден поинаков натпревар бидејќи е друго натпреварување, но исто така и поради тоа што станува збор за дуел од првото коло. 'Нормално е дека сега ќе биде различно. Ова е сосема друго натпреварување и друг дел од сезоната. Кога игравме против нив минатата сезона, тие веќе имаа доволно бодови, а во тој период имаа и многу повредени ракометари. Сега се комплетни, а станува збор и за отворање на Лигата на шампионите. Затоа очекувам сосема поинаков натпревар. Ние во моментов сме во малку незгодна ситуација. Не се сите ракометари здрави и имаме одредени проблеми', изјави Чупиќ. Нагласи хрватскиот стратег и дека Вардар во овој момент е млада екипа која нема премногу ракометари со искуство од ова натпреварување. 'Тешко дека на почетокот ќе можеме да настапиме со поширок состав. Го имаме тоа што го имаме, а потоа ќе видиме како ќе се развиваат работите. Секако дека би бил задоволен со победа. Со што друго би можел да бидам задоволен? Тешко е да се зборува пред почетокот и пред првиот натпревар. Вардар е млада екипа, условно кажано. Во сегашниот состав нема многу ракометари со искуство од настапи во Лигата на шампионите. Можеби само двајца или тројца имаат такво искуство, но не треба премногу да зборуваме за тоа', истакна хрватскиот стратег. Фаворитската улога ја препушта на противникот. 'Имаме уште три-четири дена за да го подготвиме натпреварот. Се надевам дека добро ќе се подготвиме и дека ќе отпатуваме подготвени да се докажуваме. Нормално е Мелсунген да ја има фаворитската улога, но тие ќе треба да го покажат тоа на теренот. Ние, пак, треба да покажеме дека сме подготвени за Лигата на шампионите и за еден сериозен натпревар', додаде предводникот на Вардар.

(0)Comments

 

A note on cookies

Newshunt uses essential cookies to keep you signed in and to remember your language and country, so the site works the way you expect. With your permission, we'd also like to use analytics cookies to understand how people use Newshunt and improve it over time.

Accepting only affects analytics. To learn more, view our Privacy Policy or Terms & Conditions.