Европската Унија (ЕУ) денес објави дека ѝ дала зелено светло на Украина да купи пресретнувачи на ракети 'Патриот', користејќи дел од заем од 90 милијарди евра што ѝ го доделија 27 земји-членки.
'Ја поздравувам согласноста на земјите-членки за ослободувањето дадено на Украина за купување клучна опрема за системите за воздушна одбрана 'Патриот', изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе парискиот весник 'Ле Монд'.
Произведени во САД, пресретнувачите 'Патриот' се особено ефикасни против балистичките ракети што Русија ги испукува кон Украина речиси секојдневно, а кои Киев има потешкотии да ги пресретне поради недостаток.
Киев ќе може да ја искористи следната транша од европскиот заем, во износ од 3,2 милијарди евра, 'за подобро да го заштити својот воздушен простор од неселективни руски напади', додаде Урсула фон дер Лајен.
Еден од условите за одобрување на тој заем од 90 милијарди евра е да се даде приоритет на купувањето опрема произведена во Европа, каде што еквивалентот на 'Патриот', SAMP/T, сè уште е оскуден.
(0)Comments