Поранешниот славен англиски напаѓач, Гари Линекер, даде мислење за тоа дали Кристијано Роналдо е најдобриот играч во историјата на фудбалот.
Роналдо е петкратен освојувач на 'Златната топка', петкратен победник на Лигата на шампионите и прв стрелец во историјата на фудбалот, а еднаш го освои и Европското првенство со португалската репрезентација.
'Знам дека Кристијано се лути кога не го споменувате во контекст на најдобриот на сите времиња, но мора да бидете искрени. Тој е неверојатен, едноставно неверојатен, еден од најголемите. Неговиот рекорд на голови е споредлив со оној на Меси. Но, Кристијано не може да направи многу работи. Не може да помине четири играчи, ниту да се одвои од маркер на средниот ред на начин што ќе ве натера да помислите: 'Како го направи тоа?'. Не може да го направи тоа… Тој го нема она што го имаше Марадона и она што го има Меси. Дури би го ставил Бразилецот Роналдо малку пред Кристијано Роналдо', рече Линекер
(0)Comments