На краткото видео се гледа камуфлиран бугати турбилон како вози зад бела киа ексид, а фолксваген поло зад бугатито. Колоната возила се приближувала до привремен семафор поставен поради работа на патот. Откако киата и бугати сопираат, возачот на полото не успева да закочи на време. На снимката може да се слушне и чкрипење на гуми непосредно пред фолксвагенот да го удри бугатито.
Insurance: 'You hit a WHAT???'
Bugatti Tourbillon prototype gets rear-ended by a VW in Sierra Nevada in Spain.
Video via kikisnevada_pgarage pic.twitter.com/G0FxKrVqhc
— Zero2Turbo (@Zero2Turbo) September 7, 2026
Снимката завршува веднаш по ударот, па затоа не може да се процени степенот на штета на возилата. Околностите по судирот, како што се полициската истрага или како ќе се изврши поправката, исто така не се познати. Бугати турбулион е сè уште во фаза на развој и е автомобил кој не може да се сервисира во обична гаража.
Компанијата објави дека ќе произведе само 250 примероци од турбулион, чија почетна цена е 3,8 милиони евра без данок. За споредба, ново фолксваген поло во Шпанија чини 16.900 евра, што значи дека вредноста на едно бугати одговара на цената на приближно 208 нови пола. Бидејќи во несреќата бил вклучен развоен прототип, неговата вредност е уште поголема.
(0)Comments