Првиот преттедател Киро Глигоров, вечерта на 8 септември 1991 година ја прогласи и честиташе независноста на државата.
Тој ден под слоганот Гласам за Македонија, над 95 проценти од граѓаните гласаа за суверена и самостојна Македонија.
По осамостојувањето следуваа години на тешки битки за меѓународно признавање, приемот во Обединетите нации, конфликтот во 2001, Охридскиот рамковен договор, спорот за името, Преспаснкиот договор, договорот со Бугарија...децении и години на пресврти, политички кризи, компромиси.
Пред 35 години, едни гласаа за држава која допрва требаше да се гради. Денес, тие се навраќаат на своите очекувања – што замислувале тогаш, а што гледаат денес.
Од надежите од 1991 година, до реалноста во 2026-та.
Но приказната за иднината не завршува тука туку продолжува со новата генерација -младината. И тие поделени во размислувањата и со песимистички и со оптимистички очекувања.
Пред 35 години, генерацијата што гласаше на референдумот ја замислуваше иднината од својата перспектива.
Денес, нивните деца и внуци ја замислуваат од својата.
Помеѓу тие две визии се 35 години независна држава – со остварени надежи, неисполнети очекувања и нови прашања.
(0)Comments