Почна ли купувањето гласови? Србија дели по 6.000 динари пред изборите

Почна ли купувањето гласови? Србија дели по 6.000 динари пред изборите
View on original source
Category: Politics
Share
Archive
Like
Повеќе од еден милион граѓани на Србија се пријавиле за еднократна исплата од 6.000 динари, околу 51 евро, за помалку од два дена. Масовниот интерес ја покажува потребата од пари, но тајмингот отвора и друго прашање: почна ли предизборното освојување гласови со пари од државните фондови и буџетот? Пријавувањето почна на 7 септември, истиот ден кога српската Влада побара од претседателот Александар Вучиќ да го распушти парламентот и да распише предвремени избори. Гласањето се очекува на 18 или на 25 октомври, а парите треба да легнат на сметките од 22 до 25 септември – само неколку недели пред отворањето на гласачките места. До 16:38 часот на 8 септември биле поднесени повеќе од еден милион пријави. Во оваа бројка не влегуваат сите што ќе добијат пари автоматски, меѓу кои се носителите на правото на бесплатни акции, пензионерите и корисниците на социјална парична помош. Право на 6.000 динари имаат полнолетните државјани со живеалиште во Србија и важечка лична карта. Граѓаните што не се евидентирани како носители на бесплатни акции се пријавуваат електронски, само со матичен број и број на личната карта. Владата ја претставува исплатата како мерка за ублажување на последиците од енергетската криза и растот на животните трошоци. Но помошта не е насочена само кон сиромашните, невработените или домаќинствата со ниски приходи, ист износ добиваат сите полнолетни граѓани што ги исполнуваат административните услови. Сумата од 6.000 динари покрива едвај околу една десетина од официјалната минимална потрошувачка кошница за тричлено семејство во Србија, која според последните достапни податоци изнесува повеќе од 57.000 динари. Парите можат краткорочно да покријат дел од сметка, гориво или една поголема набавка на храна, но не претставуваат трајна заштита од поскапувањата. Со ребалансот се предвидени вкупно 71 милијарда динари, повеќе од 600 милиони евра, за помош на пензионерите, корисниците на различни социјални права и полнолетните граѓани. Најголем дел од исплатата на 6.000 динари треба да дојде од Акционерскиот фонд, а дополнителни околу 18 милијарди динари ќе бидат обезбедени од буџетот. Дел од српските економисти и опозициски претставници веќе ја оценија мерката како предизборно делење пари и обид за купување наклонетост со средства што претходно биле собрани од самите граѓани преку даноци. Самото совпаѓање на исплатата со изборниот календар не е доказ за незаконско купување гласови, но го прави неизбежно прашањето зошто универзалната помош се исплаќа токму неколку недели пред предвременото гласање. Слични еднократни пакети беа применувани и во Македонија, најчесто со образложение дека треба да им помогнат на домаќинствата во време на ценовна или енергетска криза. Клучната разлика меѓу социјална мерка и политички подарок останува во начинот на кој е избрана целната група, изворот на парите и моментот кога тие пристигнуваат на сметките.

(0)Comments

 

A note on cookies

Newshunt uses essential cookies to keep you signed in and to remember your language and country, so the site works the way you expect. With your permission, we'd also like to use analytics cookies to understand how people use Newshunt and improve it over time.

Accepting only affects analytics. To learn more, view our Privacy Policy or Terms & Conditions.