Норвешкиот гигант за ѓубриво 'Јара' во местото Слаускил во Холандија ја отвори најголемата инсталација за складирање на јаглерод диоксид во Европа.
Целта на инсталацијата е да ги апсорбира емисиите на јаглерод диоксид пред нивното ослободување во атмосферата и влијание врз глобалното затоплување.
Зафаќањето и складирањето на јаглерод или скратено ЦЦС е технологија во која емисиите на јаглерод диоксид се складираат директно во инсталацијата, по што гас се втечнува и се складира во геолошки складишта, на пример под морското дно.
'Јара' е уверена дека новата инсталација ќе собира до 800.000 тони јаглерод диоксид годишно, што е приближно околу 0,5 проценти од вкупните годишни емисии на Холандија.
Јаглерод диоксидот што ќе се собира во Слаускил ќе се транспортира со брод до норвешкиот терминал Ојгарден, каде компанијата 'Нортерн Лајтс' ја спроведува технологијата ЦЦС. Таму јаглерод диоксидот ќе се инјектира во длабок слој солена вода на 2.600 метри под морското дно. Ова воено ќе биде прв случај јаглерод диоксидот да се апсорибира на индустриско ниво, а потоа да се транспортира во друга земја за складирање.
На тој начин, 'Јара' станува првиот комерцијален клиент на 'Нортерн Лајтс', конзорциум на нафтените компании 'Еквинор', 'Шел' и 'ТоталЕнерџис'.
По повод отворањето на инсталацијата, еврокомесарот за климата Вопке Хукстра изјави дека на Европа ѝ се потребни конкретни климатски решенија што ќе овозможат намалување на емисиите на штетни гасови и зајакнување на индустриската конкурентност.
'Проектот за заробување и складирање на јаглерод диоксидот во Слаускил покажува што може да се направи кога се здружуваат иновациите и прекуграничната соработка', рече Хукстра.
Вопке Хукстра, еврокомесар за клима. Фото: Европски парламент
ЦЦС долго време важи за контроверзна техника. Нејзините противниците сметаат дека заробувањето на јаглерод дикосидот ќе го трасира пастот за натамошна употреба на фосилните горива, кои се сметаат за главна причина за климатската криза.
Дополнително и научните анализи укажуваат дека олекувањата од оваа технологија се преголеми. Минатата година во студија објавена во магазинот 'Нејчр' група научници предупредија дека со ЦЦС технологијата можеби ќе може да се складираа 10 пати помалку количества на јаглерод диоксид отколку што претходно се претпоставуваше.
Сепак, технологијата добива на значење, особено сега кога станува јасно дека некои индустриски сектори нема да можат да се опстојат без јаглен или гас на краток рок.
Исто така, Панелот на ОН за климатски промени (ИПЦЦ), кој ги обединува најдобрите достапни климатски науки од целиот свет, сега претпоставува дека светот нема да може без ЦЦС во борбата против глобалното затоплување.
(0)Comments