Во Куманово бил лишен од слобода 45-годишен маж, кој според пријавата физички го нападнал својот 76-годишен татко, притоа постапувајќи спротивно на судска одлука за заштита од семејно насилство.
Во Кавадарци бил приведен 52-годишен маж по пријава дека подолг период ја вознемирувал 41-годишната поранешна сопруга, доаѓал во близина на нејзиниот дом и работното место и се обидувал да воспостави контакт. Кај него биле измерени 2,81 промили алкохол во крвта.
Во Делчево бил приведен 32-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата 24-годишна невенчана сопруга. Во Гостиварско, 75-годишен маж бил лишен од слобода по пријава дека ги нападнал својот 73-годишен брат и 69-годишната снаа, а при интервенцијата било утврдено дека бил под дејство на алкохол.
Во Струга полицијата постапувала против 49-годишен маж кој во семејниот дом агресивно се однесувал кон својот татко и оштетил дел од покуќнината. Во Скопје, на подрачјето на Аеродром, 49-годишен маж бил приведен по пријава дека со остар предмет му се заканувал на својот 78-годишен татко.
Во тетовско село, 60-годишна жена била лишена од слобода по пријава дека физички ја нападнала 31-годишната снаа. Во Бит Пазар, пак, бил приведен 46-годишен маж по пријава дека претходниот ден физички ја нападнал својата 47-годишна сопруга.
Во Крива Паланка бил пријавен и случај во кој 24-годишен маж бил физички нападнат во семејниот дом од својот малолетен полубрат.
(0)Comments