Европската унија (ЕУ) денес објави дека ѝ дала зелено светло на Украина да купи пресретнувачи на ракети 'Патриот', користејќи дел од заемот од 90 милијарди евра што ѝ го доделија 27-те земји-членки.
'Ја поздравувам согласноста на земјите-членки за ослободување доделено на Украина за купување клучна опрема за системите за воздушна одбрана 'Патриот', изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според парискиот весник 'Ле Монд'.
Произведени во САД, пресретнувачите 'Патриот' се особено ефикасни против балистичките ракети што Русија речиси секојдневно ги испукува во Украина, кои Киев тешко ги пресретнува поради недостаток на пресретнувачи.
Киев ќе може да ја користи следната транша од европскиот заем, во износ од 3,2 милијарди евра, 'за подобро да го заштити својот воздушен простор од неселективни руски напади', додаде Урсула фон дер Лајен.
Еден од условите за одобрување на заемот од 90 милијарди евра е да се даде приоритет на купувањето опрема произведена во Европа, каде што еквивалентот на 'Патриот', SAMP/T, сè уште е оскуден, пренесе 'Бета'.
(0)Comments