Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараа телефонски.
Нивниот разговор траел точно еден час, објави Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател за надворешна политика.
Во центарот на разговорот беше ситуацијата во Украина. Ушак го оцени телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери како 'конструктивен и многу искрен'. Според медиумските извештаи, Путин и Трамп разговарале и за неодамнешната посета на пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, на Москва. Ушаков изјави дека за време на разговорот, Трамп инсистирал на потребата од што е можно поскоро завршување на конфликтот.
'Доналд Трамп јасно се залагаше за идејата за брз крај на конфликтот, што веднаш би отворило импресивни и далекусежни перспективи за целосно обновување на односите меѓу САД и Русија', изјави Ушаков пред новинарите.
Путин, според неговиот советник, му го претставил на Трамп рускиот поглед на моменталната ситуација. Во таа прилика, тој зборувал за ситуацијата на фронтот, напредокот на руските сили и целите што Москва сака да ги постигне во Украина. На крајот од разговорот, Путин и Трамп се согласиле да ја продолжат комуникацијата и повторно да се слушнат што е можно поскоро доколку има потреба за тоа, заклучил Ушаков.
(0)Comments