За сезоната есен/зима 2026, ја ангажираа трансродната ќерка на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон како лице на кампањата 'BORN TO DISOBEY', која ја спротивставува индивидуалноста наспроти светот обликуван од алгоритми, вештачка интелигенција и потрагата по совршенство.
A post shared by Desigual (@desigual)
Кампањата има разигран пристап кон идејата за технолошка контрола. Во неа е претставен роботот DESI 84, програмиран да помага, но Вивијан Џена Вилсон ги тестира неговите граници.
A post shared by Desigual (@desigual)
Преку низа неочекувани ситуации, Вилсон покажува како човечката интуиција, креативноста и дозата хаос сè уште се невозможни да се автоматизираат.Став вткаен во облеката
Концептот на кампањата е во согласност со идентитетот на Desigual, бренд познат по својот максималистички пристап кон модата и прославата на индивидуалноста. Оваа филозофија се рефлектира и во колекцијата за есен и зима 2026, во која доминираат тексас, експресивни бои и неконвенционални кроеви.Социјалните мрежи се полни со пофалби за кампањата: 'Една од најдобрите кампањи на 21 век', 'Оваа кампања е сè', 'Толку добра', 'Врвна кампања', 'Вљубен сум во оваа кампања', 'Одличен концепт'.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
(0)Comments