Стан во Белград платен 2,6 милиони евра, квадратот достигна неверојатни 12.000 евра

Стан во Белград платен 2,6 милиони евра, квадратот достигна неверојатни 12.000 евра
View on original source
Category: Business
Share
Archive
Like
Во првата половина од 2026 година, најскапо платениот стан во Србија изнесувал 2,6 милиони евра (Белград/општина Стари Град), каде воедно и најскапиот квадратен метар – 12.000 евра, објави денеска српскиот Републичкиот геодетски завод (РГЗ). Најскапата куќа е продадена на територијата на белградската општина Савски Венац, за 2,1 милион евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 77.000 евра, на територијата на Стари Град. Пазарот на недвижности во Србија во првата половина од годината вредел 4,2 милијарди евра, што претставува раст од 10,1 процент во споредба со првата половина од 2025 година, а бројот на договори за продажба изнесувал 61.343, односно 0,2 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во овој период, исто така, се забележува продолжување на умерениот раст на цените на становите со годишна стапка на раст од 5,25 проценти, се вели во соопштението. Најголемиот дел од парите на пазарот на недвижности беа инвестирани во станови и изнесуваа 2,5 милијарди евра, што е 61 процент од вкупната тргувана вредност. Осум отсато односно 328 милиони евра беа издвоени за купување куќи, 282,8 милиони евра или седум проценти за градежно земјиште, 212,9 милиони евра или пет проценти за деловен простор и 125,6 милиони евра или три проценти за земјоделско земјиште.

(0)Comments

 

A note on cookies

Newshunt uses essential cookies to keep you signed in and to remember your language and country, so the site works the way you expect. With your permission, we'd also like to use analytics cookies to understand how people use Newshunt and improve it over time.

Accepting only affects analytics. To learn more, view our Privacy Policy or Terms & Conditions.