По повод 8 Септември, Денот на независноста, во Националниот археолошки музеј се одржа свеченоста '35 години независност – илјадници години приказни', на кој се обрaатија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и директорката на Музејот Магдалена Манаскова, соопшти Министерството за култура.
Министерот Сулејмани истакна дека 35-годишнината од независноста е повод да се осврнеме на изминатиот пат, но и да одговориме каква држава сакаме да изградиме во следните децении.
ЛЕГЕНДАРНИОТ ХОСЕ КАРЕРАС И МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА СО…
100 ПРЕДМЕТИ ОД ЗБИРКИТЕ НА АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ Ќе биде… – Оваа земја е наш заеднички дом, во кој сите заедници имаат право да го чуваат, развиваат и споделуваат својот културен идентитет. Различноста е богатство, а мултикултурноста е нашиот најголем демократски потенцијал – порача Сулејмани.
Тој нагласи дека предизвикот на оваа генерација е да изгради држава во која никој нема да се чувствува туѓ, младите ќе ја гледаат својата иднина овде, а секој граѓанин ќе може со гордост да каже: 'Македонија е и моја земја'.
Во рамките на свеченоста беа претставени 35 предмети од постојаната поставка на музејот, преку кои археолошкото и културното наследство се доближува до пошироката јавност.
(0)Comments