Светските медиуми известуваат за погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, наведувајќи дека илјадници луѓе се собрале да му оддадат почит и дека бил испратен како херој.
Американската агенција 'Гардијан' објави текст со наслов 'Ратко Младиќ, 'касапот од Босна', доби херојски погреб во Србија', во кој оценува дека почестите за човек осуден за геноцид повторно го отвораат прашањето за европскиот пат на Србија.
Весникот наведува дека Младиќ и натаму е почитувана личност меѓу многу Срби, вклучително и меѓу политичарите, и потсетува дека неговото тело било донесено во Србија со владин авион, а ковчегот го носеле униформирани војници.
Додека возилото со неговите посмртни останки се движело од аеродромот, покрај патот имало луѓе со транспаренти на кои бил величан Младиќ.
'Гардијан' потсетува и дека воените почести предизвикале осуда од еврокомесарката за проширување Марта Кос, која во петокот ја откажа планираната посета на Србија.
(0)Comments