Македонците од дијаспората со завет за зачувување на јазикот, културата и идентитетот

Македонците од дијаспората со завет за зачувување на јазикот, културата и идентитетот
View on original source
Category: Blend
Share
Archive
Like
По повод 35-годишнината од независноста, Македонците во татковината и дијаспората го одбележуваат 8 Септември со пораки за единство, припадност и зачувување на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет. Од Малме и Скопје, до Њујорк и македонските средини во Албанија, заедничката порака е дека границите не можат да ја прекинат врската со татковината и со македонското национално наследство. Обединетата Македонска Дијаспора со серија настани симболично ги поврзува Македонците од различни делови на светот. Прославите започнаа во Малме, продолжуваат во Скопје, а ќе завршат со свечено подигнување на македонското знаме во Њујорк на 26 септември. Пораката што ја испраќа ОМД е дека, и покрај илјадниците километри што ги делат Македонците, заеднички ги поврзуваат едно знаме, една историја и една татковина. 'Од Европа, преку Македонија, до САД, илјадници километри нè делат, но едно знаме, една историја и една татковина нè обединуваат. 35 години независна Македонија. 35 години гордост, истрајност и надеж. Каде и да сме, Македонија е со нас', порачаа од ОМД. Одбележувањето на независноста стигна и од Македонците во Албанија. Македонската партија, Македонската алијанса за европска интеграција и македонските друштва порачаа дека Македонија е нивниот завет и потсетија на придонесот на Македонците од Албанија во историскиот процес на создавање и зачувување на македонската државност. 'Со негувањето на македонскиот јазик, култура, традиција и националниот идентитет, Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник. Нека е вечен споменот на сите оние кои придонесоа за слободна и независна Македонија. Да го чуваме, почитуваме и славиме овој голем ден со гордост, достоинство и љубов. Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија', пишува во честитката на друштвото. Поранешниот градоначалник на Пустец и активист Едмонд Темелко денеска од Штип порача дека македонскиот јазик, култура и традиција опстанале во Пустец и во другите македонски средини во Албанија, пренесувајќи се од генерација на генерација. 'Од 61 општина што беа до моментот, од мнозинството, од социјалистичката владејачка партија има предлог што е во собраниска процедура, каде ќе има 46 општини. Петнаесет општини се скратуваат во Република Албанија, но тоа што е најважно и најбитно за нас Македонците, општина Пустец останува во предлогот и на владејачката партија и на опозицијата. Значи, Општина Пустец не се ризикува да остане како што беше македонска општина во Албанија', вели Темелко. Тој додаде дека не е прифатено барањето на Македонците во Албанија да имаат посебни општини во Голо Брдо, Булчица и во областите Гора и Кукаш. 'Добро што општина Пустец останува како македонска посебна општина и ние ќе продолжиме и понатаму да бараме признавање на сите Македонци во целата територија на Албанија – и во областа Голо Брдо и во Гора, за да можат да ги имаат истите права што ги имаат Македонците во Пустец, да имаат и Македонците во Голо Брдо и во Гора', рече Темелко. Прашан дали во Албанија се почитуваат македонскиот јазик, култура и традиција, Темелко одговори дека во Пустец и насекаде во Албанија, македонскиот јазик, култура и традиција се опстанати, бидејќи се пренесува од дедовци на внуци, од мајки на синови. 'Се пренесува културата и традицијата. Во Пустец е поизразена и повеќе зачувана заради тоа што секогаш во Општина Пустец Македонците се признаени од властите во Република Албанија. Сите знаат, освен да зборуваат, и да пишуваат на кириличко писмо. За разлика од тоа, Македонците што живеат во другите места – во градовите Корча, Билишта, Подградец, во Елбасан, а во областа Голо Брдо каде се мнозинство Македонци, во Гора – таму јазикот и традициите се чуваат само пренесени од нивните предци, без да имаат право да учат во школите на својот мајчин јазик', изјави Темелко. Тој истакна и дека Албанија има донесено закон на сите малцинства да им се почитуваат правата. 'Се надеваме во иднина и таму да почне да се учи кирилското писмо и македонскиот јазик во училиштата каде што има значителен број на деца Македонци', подвлече Темелко од Штип.

(0)Comments

 

A note on cookies

Newshunt uses essential cookies to keep you signed in and to remember your language and country, so the site works the way you expect. With your permission, we'd also like to use analytics cookies to understand how people use Newshunt and improve it over time.

Accepting only affects analytics. To learn more, view our Privacy Policy or Terms & Conditions.