Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во Вести Плус на Канал 5 откри дека се работи за лице кое во моментов отслужувало казна затвор и дека ќе се истражува како лицето се нашло на слобода.
Тошковски нагласи дека се обезбедени соодветни докази и се надева оти најбрзо што може ќе се обезбедат сторителите и ќе бидат предмет на кривичен прогон.
-Во овој момент официјално не би можел да издвојам кои се мотивите. Можам само да истакнам дека интензивно се работи на предметното кривично дело. Министерството за внатрешни работи има првични информации за сторителите. Има обезбедено и соодветни докази во однос на тоа кои се сторителите, така што се надевам дека најбрзо што може ќе ги обезбедиме и тие ќе бидат предмет на кривичен прогон, како што, да речеме, беа и многумина во изминатиот период, а притоа сторија огромен број кривични дела во изминативе години. И сега имаме таков случај – рече Тошковски во врска со вчерашното убиство во Чаир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
(0)Comments