Ратко Младиќ погребан во Белград со воени почести, осуди од ЕУ и регионот за неговото величење

Ратко Младиќ погребан во Белград со воени почести, осуди од ЕУ и регионот за неговото величење
View on original source
Category: Politics
Share
Archive
Like
07.09.2026 20:49 07.09.2026 20:50 Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, беше погребан денеска во Белград пред неколку илјади луѓе. Младиќ почина на 27 август во Хаг, каде што ја издржуваше доживотната казна. Тој беше осуден за неговата улога во геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, кога беа убиени повеќе од 8.000 Бошњаци – мажи и момчиња, како и за долгогодишната опсада на Сараево. Во војната во Босна и Херцеговина, од 1992 до 1995 година, загинаа повеќе од 100.000 луѓе, а околу два милиони беа раселени. Неговото тело беше пренесено од Хаг со авион на српската влада, а ковчегот во Белград беше покриен со српското знаме. На него беа изложени неговата воена капа, сабја и одликувања, додека во поворката имаше поранешни војници, негови поддржувачи и навивачи со српски знамиња и негови фотографии. И покрај претходните најави дека нема да има официјални државни или воени почести, на погребот присуствуваа повеќе српски министри, како и рускиот амбасадор во Србија. Погребната служба ја предводеше патријархот Порфириј, кој изјави дека името на Младиќ ќе остане во сеќавањето и молитвите на српскиот православен народ. Во деновите пред погребот, негови поддржувачи организираа бдеења, палеа факели и поставуваа нови мурали со неговиот лик во Белград. Навивачи на Црвена звезда на натпревар во српската престолнина истакнаа голема слика на Младиќ и го скандираа неговото име. Во Босна и Херцеговина погребот предизвика остри реакции и повторно ги отвори болните спомени од војната. Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, најави повлекување на дел од дипломатскиот персонал од амбасадата во Белград, во знак на протест поради односот на Србија кон погребот. Претставници на жртвите и преживеаните од војната го осудија претставувањето на Младиќ како херој, оценувајќи дека неговото величење претставува дополнителна болка за семејствата на жртвите и релативизирање на злосторствата за кои беше осуден. Претседателот Александар Вучиќ, кој не присуствуваше на погребот, случувањата ги опиша како 'емоционален излив' и порача дека тие немаат врска со тоа дали тој нешто дозволил или не. Европската унија остро реагираше на оддавањето почит кон Младиќ. Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја откажа планираната посета на Србија, оценувајќи дека величењето на осуден воен злосторник е неспоиво со европските вредности. Од Европската комисија порачаа дека величењето на воените злосторници, негирањето на геноцидот и историскиот ревизионизам немаат место во ЕУ или во земјите кандидати за членство. Погребот повторно го отвори прашањето за односот на Србија кон военото минато. Минатата година во Србија со целосни воени почести беше погребан и Небојша Павковиќ, поранешен началник на Генералштабот, осуден од Хашкиот трибунал на 22 години затвор за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Косово. Случајот со Младиќ повторно ги продлабочи и поделбите во регионот околу толкувањето на војните од 1990-тите и односот кон осудените воени злосторници. Додека дел од јавноста во Србија и Република Српска и понатаму го доживува Младиќ како воен херој и симбол на отпорот кон Западот, во Босна и Херцеговина неговото име останува неразделно поврзано со Сребреница, опсадата на Сараево и најтешките злосторства од војната. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма. 0

(0)Comments

 

A note on cookies

Newshunt uses essential cookies to keep you signed in and to remember your language and country, so the site works the way you expect. With your permission, we'd also like to use analytics cookies to understand how people use Newshunt and improve it over time.

Accepting only affects analytics. To learn more, view our Privacy Policy or Terms & Conditions.