На настанот се обратија претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и директорката на Музејот, Магдалена Манаскова.
Министерот Сулејмани истакна дека 35-годишнината е повод да се осврнеме на изминатиот пат, но и да одговориме каква држава сакаме да изградиме во следните децении.
'Оваа земја е наш заеднички дом, во кој сите заедници имаат право да го чуваат, развиваат и споделуваат својот културен идентитет. Различноста е богатство, а мултикултурноста е нашиот најголем демократски потенцијал', порача Сулејмани.
Тој нагласи дека предизвикот на оваа генерација е да изгради држава во која никој нема да се чувствува туѓ, младите ќе ја гледаат својата иднина овде, а секој граѓанин ќе може со гордост да каже: 'Македонија е и моја земја'.
Во рамките на свеченоста беа претставени 35 предмети од постојаната поставка на музејот, преку кои археолошкото и културното наследство се доближува до пошироката јавност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
(0)Comments