Граѓани масовно ги заменуваат влезниците за алки за концертот на Дејвид Гета, организаторот повикува утре порано да дојдат на стадионот

Граѓани масовно ги заменуваат влезниците за алки за концертот на Дејвид Гета, организаторот повикува утре порано да дојдат на стадионот
View on original source
Category: Entertainment
Share
Archive
Like
Граѓани чекаат во ред за да ги заменат влезниците за алки / Фото: '360 степени' Илјадници луѓе вечерва се собрани во Градскиот парк во Скопје, каде ги менуваат влезниците за настапот на Дејвид Гета со алки што ќе им бидат потребни за влез на стадионот 'Тодор Проески'. Додека тие чекаат во редот, на сцената на Градски се одржува генералната проба пред утрешниот настап. Терминот за замена на влезниците е до утре до 17 часот. Бобан Милошески, сопственикот на 'Авалон продукција', која е организатор на музичките настани во рамките на одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, вечерва во гостување во 'Тема на денот' на Сител телевизија, потврди дека вечерва има зголемен број граѓани пред куќичките во паркот каде се заменуваат влезниците. 'Вечерва ќе работиме ако треба и до полноќ и ги молам сите оние што се од Скопје да дојдат најкултурно и да ги заменат вечерва влезниците, бидејќи утре се очекуваат луѓето што се надвор од Скопје и од Македонија', рече Милошески. Тој уште еднаш повтори дека секое лице што треба да замени влезница треба да е присутно при подигнувањето на алките. 'Едно лице – една алка. Мора да биде присутно лицето што ќе биде на концертот за да ја подигне алката', додаде тој. Милошески вели дека и утре 20 куќички ќе бидат поставени и оти со темпото од 4 000 луѓе опслужени за еден час ќе може само во текот на утрешниот ден да се заврши замената на 50 000 влезници за алки. Бобан Милошески, сопственикот на 'Авалон продукција' во гостување во 'Тема на денот' на Сител телевизија / Фото: Принтскрин Прашан дали оние што доаѓаат од странство се навремено известени за промената што треба да ја направат, Милошески рече дека оние што имаат извршено трансакција и набавено влезница се известени на маил со содржините што се објавуваат на социјалните мрежи. Без замена на влезниците со нараквици ќе немаше концерт на Дејвид Гета – вели сопственикот на 'Авалон' Како најголем проблем рече дека е тоа што најголемиот број од луѓето доаѓаат предоцна на концерт. 'Ако утре до 20 часот немаме барем 25 000 луѓе внатре ние тешко ќе го изведеме ова до крај, ако 50 000 тргнат тогаш да влегуваат внатре. Тоа не е до нас. Ги молам луѓето најкултурно на флексибилност и разбирање и да дојдете да се забавувате што е можно порано, а не да дојдете сите да го гледате Гета, тогаш може да се случи да останете и зад врата', кажа Милошески. Околу терминот на затворање на вратите на стадионот рече дека би требало да биде во 21 часот и се надева дека до тогаш ќе влезат сите. Инаку, како загревање пред Дејвид Гета од 19 часот ќе настапат македонските диџеи Никифор и Семпре. 'Дали ти изгледам како идиот' – газдата на 'Авалон' кон новинарка која праша колку ќе нè чини концертот на Дејвид Гета

(0)Comments

 

A note on cookies

Newshunt uses essential cookies to keep you signed in and to remember your language and country, so the site works the way you expect. With your permission, we'd also like to use analytics cookies to understand how people use Newshunt and improve it over time.

Accepting only affects analytics. To learn more, view our Privacy Policy or Terms & Conditions.