Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е уапсен поради сомнение дека барал мито за вработување, објави 'Плусинфо', повикувајќи се на свои информации.
Според досега објавените неофицијални информации, полицијата добила сознанија дека лицето барало пари во замена за вработување, по што била организирана полициска акција.
Наводно, во рамките на постапката биле употребени обележани банкноти, кои му биле предадени на осомничениот, по што тој бил уапсен.
Засега нема официјални информации за висината на наводно побараното мито, за какво вработување станувало збор, ниту дали во случајот се опфатени и други лица.
Се очекува МВР и надлежното обвинителство да соопштат повеќе детали за случајот и за кривичното дело за кое се сомничи уапсениот.
(0)Comments